Search
Close this search box.
Save 200,00 ден!

ECOEGG еко-крпи од бамбус што се перат, 20 листови

Original price was: 1.099,00 ден.Current price is: 899,00 ден.

• 100% без пластика
• Изработени од природни бамбусови влакна
• Минимум 1700 употреби
• Мека на допир, супер впива
• Долготрајно и повеќекратно – СЕ ПЕРЕ
• Еколошки и може да се рециклира

5 на залиха

Опис на производот

Единствени и први еколошки крпи кои се ПЕРАТ во Македонија! Оваа иновативна еколошка замена за хартиени крпи за еднократна употреба доаѓа кај нас од Велика Британија и е направена од природни бамбусови влакна. Пакетот се состои од 20 крпички, каде после употреба крпичката не се фрла туку може да се измие во машина до 85 пати, што дава вкупно до неколку илјади употреби!
Еко-крпите за перење ECOEGG се одлични за бришење раце, чистење на апсолутно сите површини во домаќинството и имаат исклучително добра апсорпција на течности, а многу мајки ги користат за бришење на нежната кожа на нивните бебиња.

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Кога вашите ECOEGG крпички ќе се извалкаат, едноставно измијте ги во машина за перење на температура до 40 степени, а ви препорачуваме да користите и еколошки производи за перење како што е ECOEGG 2во1 еколошки детергент+омекнувач. Со секое миење крпите стануваат помеки, а поради нивната фина текстура не гребат површини, не оставаат остатоци од влакна при чистењето и едноставно се од таков материјал што не апсорбираат дамки!
Се суши на решетка, не во машина за сушење.

Не користете омекнувач при перење.

• Брендот ECOEGG е добитник на престижната награда на англиската кралица за иновации во 2016 година, „The Queen’s Award for Enterprise: Innovation 2016“
• Состав: 90% бамбусови влакна, 10% PLA (полилактична киселина) од пченкарен скроб