Search
Close this search box.

КУПУВАЊЕ, ИСПОРАКА И ПОПЛАКИ

ЦЕНИ

Сите цени кои што се објавени на WWW.ECOEGG.MK сајтот се прикажани со вклучено ДДВ.

ИСПОРАКА

Испораката се врши само на територијата на Република Северна Македонија.


Рок на испорака

Рокот на испорака е до 5 работни дена. За време на празници,неработни денови, намалувања и попусти, испораката може да трае повеќе време од вообичаено.


Преземање на пратки

Курирот (КАРГО ЕКСПРЕС БИТОЛА)  ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при вториот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.


Цена на испорака:

  1. Цената за достава на производи над 1.200 денари е бесплатна.
  2. Цената за достава на производи под 1.200 денари е 100 денари.

Рекламации на производи и враќање:

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 02 6148547 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@ecoegg.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператоти ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. Потребно е да ја чувате испратницата за да може да се изврши замена. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@ecoegg.mk

Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор. Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметкопотврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ или- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.