Search
Close this search box.

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ДРУШТВОТО ТРГОВИЈА ДС ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ

(https://www. ecoegg.mk/)

Нашата визија за заштита на личните податоци

Ви благодариме што покажавте интерес за веб страницата на Друштво за спортска трговија ДС ДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: ДС ДИСТРИБУЦИЈА ).

ДС ДИСТРИБУЦИЈА како контролор на лични податоци посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, заради што целосно ја заслужуваме Вашата доверба.

Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.

Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашата веб страница се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци( „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20.)

Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

ДС ДИСТРИБУЦИЈА, како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.

1. Дефиниции

2. Назив и адреса на контролорот

2. Офицер за заштита на личните податоци

4. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?

5. Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?

6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

7. Регистрација и најава на нашата веб страница

8. Можност за контакт преку веб страницата

9. Пријава за добивање на Е-Билтен

10. Колачиња

11. Собирање на општи податоци и информации

12. Заштита на личните податоци при користење на Фејсбук

13. Заштита на личните податоци при користење на Инстаграм

14. Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

15.Заштита на лични податоци при користење на cPay модулот на CaSys како обработувач на плаќање

16. Дали вршиме пренос на лични податоци?

17. Во кој рок ги чуваме личните податоци?

18. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?

19. Дали и на кого ги откриваме Вашите лични податоци?

20. Кои се Вашите права како субјектите на личните податоци?

21. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

1. Дефиниции

Нашата политика за приватност се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.

Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Ограничување на обработката на податоците

Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Псевдонимизација

Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Корисник

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.

2. Назив и адреса на контролорот

ДС ДИСТРИБУЦИЈАДООЕЛ СКОПЈЕ

ул. МАКЕДОНИЈА БР.19

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Телефон: (+389) 2 6148547

Е-маил адреса: info@ecoegg.mk

Веб страница: https://ecoegg.mk

3. Офицер за заштита на личните податоци

Стефан Каранфиловиќ

Контакт телефон: (+389) 02 6148547

Е-маил адреса: info@ecoegg.mk

Секој посетител или корисник на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

4. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?

Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата ги собираме и обработуваме врз основа на Ваша согласност или заради исполнување на законска обврска. (Закон за трговија, Закон за електронска трговија, Законот за заштита на потрошувачи, Закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Закон за облигациони односи).

Ограничување на целта на обработката на личните податоци

Вашите лични податоци на веб страницата ги собираме и обработуваме за цели на регистрација и креирање на Ваш профил, за онлајн купување, за контакт со нас, за добивање на нашиот e-билтен преку кој ве известуваме за нашите новости и промоции на производи, како и за рекламација односно враќање на производите. Вашите лични податоци не се предмет на натамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.

Ограничување на обемот на личните податоци

Обработката на вашите лични податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката. Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 5 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на Вашите лични податоци, ќе Ве информираме и ќе побараме Ваша согласност за таа дополнителна обработка.

Точност на личните податоци

Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме. Покрај овие мерки, Ви овозможуваме да го остварите Вашето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.

Ограничување на роковите на обработка на личните податоци

Водиме грижа, Вашите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 17 од оваа Политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработката, Вашите лични податоци се бришат.

Интегритет и доверливост на личните податоци

Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

5. Која е правната основа и целта за обработка Вашите лични податоци?

Нашата веб страница собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).

Правна основа

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци на нашата веб страница преку следните форми: „Регистрирај се“, „Најави се“, „Контактирајте не“ и „Е-Билтен“ е Вашата согласност, а правна основа за обработка на Вашите лични податоци во делот Рекламација-Враќање на производ“ е исполнување на законска обврска.

Цели

Преку формата „Регистрирај се“ и „Најави се“ ги обработуваме Вашите лични податоци за цели на онлајн купување и реализација на онлајн нарачките преку навремена и точна испорака и наплата на цената за продадените производи, но и за Ваше информирање за нашата понуда на производи, како и за сите акции и промоции (директен маркетинг), доколку претходно се согласите со тоа.

Преку формата „Контактирајте не“ ги обработуваме Вашите лични податоци за да одговориме на Вашите пораки.

Преку формата „Е-Билтен“ ги обработуваме Вашите лични податоци за редовно да Ви испраќаме електронско издание на нашиот билтен, а со цел да бидете во тек со нашите новости и промоциите на производи.

Преку формата „Рекламација – Враќање на производ“ ги обработуваме Вашите лични податоци за исполнување на законската обврска за враќање на купени производи.

6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?

Регистрирај се:

Доколку сакате да се регистрирате на нашата веб страница, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

– име и презиме,

– податоци за контакт (електронска адреса, телефон)

– IP адреса (се зачувува автоматски)

Преку формата за контакт, Ви нудиме можност да се согласите со Условите на користење на услугите преку нашата веб страница и со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за понудата на нашите производи (директен маркетинг) во согласност со Политиката за директен маркетинг.

Најави се:

Откако сте веќе регистрирани на нашата веб страница, за да се најавите, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

– електронска адреса

– лозинка

– IP адреса (се зачувува автоматски)

Контактирајте не:
Доколку сакате да не контактирате, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци:

– име

– електронска адреса

– IP адреса (се зачувува автоматски)

Преку формата за контакт, Ви нудиме можност да се согласите со Условите на користење на услугите преку нашата веб страница и со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за понудата на нашите производи (директен маркетинг) во согласност со Политиката за директен маркетинг.

Е-Билтен:

Доколку сакате да Ви го испраќаме нашиот билтен во електронска форма, потребно е да го внесете Вашиот личен податок:

– електронска адреса

– IP адреса (се зачувува автоматски)

Преку формата за добивање на Е-Билтен, Ви нудиме можност да се согласите со Условите на користење на услугите преку нашата веб страница и со оваа Политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за понудата на нашите производи (директен маркетинг) во согласност со Политиката за директен маркетинг.

Рекламација – Враќање на производ:
За да го остварите Вашето законско право на враќање на купен производ, потребно е да ги внесете Вашите лични податоци

– име и презиме

– податоци за контакт (електронска адреса, телефон)

– трансакциска сметка

Ве информираме дека доставата на пратките до вашата адреса на испорака се врши преку надворешна фирма Eco Logistic Service коja се јавува во улога на обработувач на вашите лични податоци (име и презиме и податоци за контакт). Со договор за обработка на лични податоци, ДС Дистрибуција дооел гo обврзува Карго Експрес Битола како обработувач на лични податоци, да преземe соодветни технички и организациски мерки за заштита на податоците.

7. Регистрација и најава на нашата веб страница
Имате можност да се регистрирате на нашата веб страница со внесување на личните податоци опишани во точката 6 од оваа политика. Вашите лични податоци се собираат и чуваат за цели за регистрација, со што станувате наш корисник и Ви е овозможено онлајн купување на производите од нашата понуда.

Со најавување на нашата веб страница, се зачувува IP адресата доделена од давателот на Интернет услуги и датумот и времето на Вашето најавување. Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно. Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита. Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање.

Со доброволно внесување на личните податоци, нудиме регистрација на корисниците на нашата веб страница. Регистрираните корисници можат во секое време да направат исправка на личните податоци внесени при регистрацијата или целосно да ги избришат личните податоци од нашата база на податоци.

8. Можност за контакт преку веб страницата

Нашата веб страница Ви овозможува брз контакт и директна комуникација со нас преку електронска адреса: info@ecoegg.mk, телефон: +389 2 6148547 или преку формата за контакт, при што Вашите лични податоци автоматски се зачувуваат, за да одговориме на Вашите пораки. Овие лични податоци нема да бидат откриени на трети лица.

9. Пријава за добивање на Е-Билтен

За редовно да бидете известени за нашите новости и промоции, имате можност да се пријавите да го добивате нашиот Е-Билтен.

Нашиот Е-Билтен може да го добивате само ако (1) имате важечка електронска адреса и (2) ако сте се пријавиле за достава на билтенот. По пријавата за добивање на билтенот, ќе Ви биде испратен потврдувачки е-маил на Вашата електронска адреса, во постапка за двојна согласност (opt-in). Оваа е- маил потврда се користи за докажување дека Вие како сопственик на електронската адреса сте побарале да го добивате Е-Билтенот.

При пријава за Е-Билтенот ја собираме и Вашата IP адреса која е доделена од интернет провајдерот (ISP), која ја користите за време на пријавувањето, како и датумот и времето на пријавување. Собирањето на овие податоци е неопходно за да може да се открие евентуалната злоупотреба на Вашата електронска адреса, и истото служи како средство за правна заштита на ДС Дистрибуција дооел.

Личните податоци собрани во рамки на пријавата за добивање на Е-Билтенот ќе се користат единствено за оваа цел и нема да се пренесуваат на трети страни. Согласноста за обработка на Вашите лични податоци за добивање на Е-Билтенот, имате право да ја повлечете во секое време. За оваа цел, во секој Е-Билтен е поставен соодветен линк. Исто така, пријавата за добивање на билтенот може да ја откажете во кое било време директно на нашата веб страница или да не известите на друг начин.

10.Колачиња (Cookies)

Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња на нашата веб страница, Ви нудиме подобри услуги Вам на корисниците. Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашата веб страница. Целта на ова е да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како корисник, можете во секое време да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Повеќе информации се достапни во Политиката за колачиња на ecoegg.mk (Политика за колачиња)

11. Собирање на општи податоци и информации

Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

12. Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

13. Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:

https://help.instagram.com/155833707900388, https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

14. Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре како и во Политиката за колачиња достапна на (Политика за колачиња). Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

https://policies.google.com/privacy?hl=en и

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.

15. Заштита на личните податоци при користење на cPay модулот на CaSys како обработувач за плаќање

На нашата веб страница интегрирана е компонентата cPay на Интернационален картичен систем АД Скопје (CASYS). cPay е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на производите и услугите на Интернет. cPay е техничка постапка со која ние, како онлајн продавач веднаш добиваме потврда за плаќањето. Ова ни овозможува да ги испорачаме производите или купувачот да ги преземе веднаш после нарачката.

Ако одберете „Плаќање со електронска платежна картичка – еднократно“ како опција за плаќање во нашата онлајн продавница во текот на постапката за нарачување, Вашите податоци ќе бидат проследени до CASYS. Со селектирање на оваа опција за плаќање, Вие се согласувате Вашите лични податоци потребни за процесот на плаќањето да бидат проследени до CASYS.

Податоци кои се разменуваат со CASYS за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на нарачка, идентификациски број, име и презиме на плаќачот, назив на банката, тип и статус.

Имате право да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци дадени на CASYS. Повлекувањето на согласноста нема да има влијание на личните податоци кои мора да се обработат, користат или пренесат за цели на плаќањето.

Важечки одредби за заштита на личните податоци на CASYS можат да се најдат на следниот линкови:

http://www.casys.com.mk/uploads/AboutUs/docs/Politika_na_privatnost_2015.pdf

https://cpay.com.mk/Merchant/page/default.aspx?user_id=&session_id=&xml_id=/mk-MK/UHelp/03PrivacyPolicy/

16. Дали вршиме пренос на лични податоци?

Серверите на веб страницата ecoegg.mk се во САД, со што се врши пренос на личните податоци во САД.

17. Во кој рок ги чуваме личните податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.

Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци за некоја од целите на користење на веб страницата на ecoegg.mk, Вашите лични податоци ќе бидат избришани.

Личните податоци доставени преку формата:

– „Регистрирај се“ односно „Профил“ се чуваат се до повлекување на согласноста, односно до моментот кога ќе одлучите да го избришете Вашиот профил или ќе побарате ние тоа да го сториме за Вас.

– Контактирајте не“ се чуваат најдолго 6 (шест) месеци од денот на доставување на пораката.

– „Е-Билтен“ се чуваат до повлекување на дадената согласност.

– „Рекламација – Враќање на производ“ се чуваат во рок од 1 (една) година.

Доколку сте ја користеле услугата онлајн купување, сите документи и записи со Вашите лични податоци, а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, се чуваат во законските рокови кои се утврдени за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет.

18. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?

ДС дистрибуција не донесува поединечни одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци вклучувајќи и профилирање.

19. Дали и на кого ги откриеме Вашите лични податоци согласно закон

Вашите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на Вашите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе Ве известиме на соодветен начин.

Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа политика, ќе побараме Ваша согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на Политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.

20. Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци?

а) Право на потврда

Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, посетител) имате право да добиете потврда од ДС Дистрибуција дооел дали ги обработуваме Вашите лични податоци.

б) Право на пристап

Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации одДС дистрибуција дооел за Вашите лични податоци, како и копија од овие податоци. ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:

§ цел на обработката;

§ категории на личните податоци;

§ корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;

§ ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;

§ постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработката на лични податоци;

§ постоење на право на поднесување барање до Агенцијата за заштита на личните податоци;

§ кога личните податоци не се собрани од Вас, сите достапни информации за изворот на лични податоци;

§ постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.

Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.

в) Право на исправка

Имате право да добиете исправка на Вашите неточни лични податоци без непотребно одложување. Земајќи ги предвид целите на обработката, имате право да ги дополните нецелосните лични податоци.

г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)

Имате право да барате бришење на Вашите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:

§ Личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;

§ Сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;

§ Сте приговарале на обработката;

§ Обработката на личните податоци е незаконита;

§ Постои законска обврска за бришење на личните податоци;

д) Право на ограничувања за обработка

Имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:

§ ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;

§ обработката е незаконита, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;

ДС Дистрибуција дооел нема повеќе потреба да ги обработува Вашите лични податоци, но Вам Ви се потребно за воспоставување, остварување или одбрана на Вашите правни барања;

§ Приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над Вашите интереси.

ѓ) Право на преносливост на податоци

Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на Ваша согласност, имате право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.

е) Право на приговор

Имате право да поднесете приговор до ДС Дистрибуција (ecoegg.mk), против обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг.

Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци за оваа цел.

з) Право на повлекување согласност за заштита на податоците

Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време.

Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, Ве молиме пристапите до следниот линк: (да се стави линк до обрасците

Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по Вашето барање без одлагање.

За сите прашања во врска со заштитата на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на:

Контакт телефон: (+389) 02 6148547

Е-маил адреса: info@ecoegg.mk

21. Право на поднесување барање до Агенција за заштита на личните податоци

Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:

Агенција за заштита на личните податоци

бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје

https://www.dzlp.mk/

info@privacy.mk

Настојуваме да бидеме што попрецизни во описот на производот, фотографијата и самата цена, но не можеме да гарантираме дака сите информации се комплетни и без грешка. Сите прикажани производи на сајтот се дел од нашата понуда, но не се подразбира дека мораат да се достапни во секој момент. Достапноста на производите може да ја проверите и на телефонскиот број 02 6148547
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
Рекламација
Мапа на сајтот
ИНФОРМАЦИИ
За нас
Испорака
Политика на приватност
Политика за колачиња
Политика за директен маркетинг
Услови На Користење
Моја Сметка
Историја на нарачки
Е-БИЛТЕН
Бидете во тек со новостите и промоциите со најавување на нашиот билтен
Се согласувам да го добивам Вашиот билтен со информации за понудата на
производи и промоции, на e-mail и Ги прочитав и ги прифаќам
Политика на приватност и Политиката за директен маркетинг
Copyright © 2022,Ecoegg.mk, All Rights Reserved